Vous êtes sur la page 1sur 8

ТЕМА 2 ОДРЖУВАЊЕ И РЕМОНТИРАЊЕ НА

АСИНХРОНИ МАШИНИ

1. Потреба од одржување на асинхроните машини

Асинхрона машина во примена најчесто се сретнува како мотор, и тоа


трофазен. Таа е типичен претставник на електрична машина со мала моќност које
се произведува во големи серии. Предности на асинхроните машини во однос
на останатите видови електрични машини, се првенствено малата цена,
едноставна конструкција, мал момент на инерција, габаритност, доверливост и
сигурност во работата, лесно одржување, додека недостатоците се воглавном
поврзани со условите за придвижување и можност за регулирање на брзината на
вртење во широки граници. Токму од овој факт произлегува потребата за
одржување на асинхроните машини. Бидејќи се најупотребуваните машини, а
истовремено и поради постоење на вртливи делови во истите, постои можност за
нивно кварење. Нивните дефекти можат да бидат од механичка или електрична
природа. Механичките дефекти настануваат во вртливите делови на машината,
затоа и истите треба постојано да се одржуваат. Констатно треба да се
проверуваат лежиштата, лагерите, осовините на вртливите делови како и
исправноста на куќиштето на машината. Дефекти од електрична природа се
дефекти кои настануваат во намотките. За таа цел се контролира нивната
непрекинатост што е услов за нормална работа. Сето оваа е битно за непречена и
нормална работа на машината.
Слика 1
а) нисконапонски мотор б) високонапонски мотор

Голема предност на овии машини е што со примена на микропроцесори и


енергетска електроника кои овозможуваат економично управување со моторите за
наизменична струја и со тоа конкуретност и во подрачје на погоните со
променлива брзина.

2. Начини на прикажување на намотките кај трифазните


асинхрони машини
Електричните машини за наизменична струја обично имаат две намотки,
индуктор и индукт ( табела 1 )
Индуктор (возбуда, примар во аналогија со ТР ) – намотка кроз која проаѓа
електричната струја и создава магнетно поле кое го магнетизира целото магнетно
коло на машината.
Индукт (секундар во аналогија со ТР ) – намотка во која се под влијание на
промена на магнетниот флукс на индукторот индуцираат електромоторни сили (
ems), а ако е електричното коло на намотката затворено, и струи.
Намотките можат да бидат намотани на испакнатите полови ( сл.2.а ) или
сместени во жлебовите кои се аксијално поставени по обемот на индукторот или
индуктот ( сл.2.б.). Намотките за наизменична струја су секогаш распоредени во
жлебови.
Сл.2.а. Статор со испакнати магнетни полови Сл.2.б. Цилиндричен статор со жлебови

Табела 1. Намотки на машина за наизменична струја

Машина / намотка Индуктор ( сместување, Индукт ( сместување,


облик на струја) облик на струја)
Асинхрона Статор, наизменична Ротор, наизменична
Синхрона Ротор, еднонасочна Статор, наизменична

За претставување на намотките се употребуваат развиени ( сл.3.а) и кружни


( сл.3.б ) шеми. Развиена шема се добива кога цилиндричната површина на
статорот и роторот, гледано од страна на жлебовите, се пресече на една
изводница и се развие во една рамнина. Кружните шеми прикажуваат или изглед
на намотката на статорот или роторот гледано од страна, или нивниот радјален
пресек.

Сл.3.а. Развиена шема на намотка Сл.3.б. Кружна шема на намотка


Стандардни ознаки на краевите на намотките на трофазните наизменични
машини се:

Табела 2. Ознаки на краеви на намотки на трофазни наизменични машини

Намотка Нова ознака Стара ознака


Статор U1, U2 U, X
V1, V2 V, Y
W1, W2 W, Z
Ротор K1, K2 u, x
Асинхрона машина L1, L2 v, y
M1, M2 w, z
Ротор (возбудна) P1, P2 I, K
Синхрона машина

Намотка на побуда ( индуктор ) на асинхрона машина сместена е во


отворени или полузатворени жлебови на статорот. Намотката на индуктот е
сместена на роторот. Со оглед на начинот на изведување на намотките на
роторот ( индукт), разликуваме два основни типа на асинхрони машини:
 Со намотан ротор

 Со краткоспоен ротор ( кафезни )


Слика 4 Пример од трифазен асинхрон мотор при намотување

Намотувањето на намотките на кај асинхроните мотори може да биде


изведено на два начина, во зависност од потребите на моторот. Двата начина се
прикажзни подолу на сликите.

Слика 5 Јамкаста намотка


Слика 6 Брановидна намотка

3. Намотки кај еднофазните асинхрони мотори

Мотор со помошна фаза се употребува само за мали оптоварувања во


домаќинства, занаетчиство и земјоделство каде што се располага само со
еднофазна струја.

Сл.7 Еднофазни асинхрони мотори


За работа на мотор со помошна фаза потребни се два услова: кафезен ротор и
вртливо магнетно поле. Статорот има две одвоени намотки: работна и помошна
намотка. Работната намотка е направена од дебела жица, има повеќе навивки за
да се зголеми индуктивниот отпор. Помошната намотка е направена од тенка
жица за да се зголеми омскиот отпор, а помал број на навивки за да се смали
индуктивниот отпор. Заемното дејство на двете намотки, поради постоење на
индуктивниот отпор, условува појава на фазно поместување, а со тоа настанува
вртливо магнетно поле кое е доволно да го заврти роторот и моторот да тргне во
работа.
Фазно поместување може да настане и со примена на кондензатор, т.е.
капацитивен отпор. Поради постоење на капацитивниот отпор доаѓа до појава на
фазно поместување,а како резултат на тоа настанува вртливо магнетно поле.
Кога роторот ќе постигне одредена брзина помошната намотка може и да се
исклучи со помош на т.н. центрифугален прекинувач.
Работната ( главната ) намотка е сместена во 2/3 од статорските канали, а во
преостаната 1/3 од каналите е сместена помошната намотка.

Главна
намотка

Помошна
намотка

Слика 8 Намотка на едофазен асинхрон мотор


Главна
намотка

Помошна
намотка

Слика 9 Намотка на едофазен асинхрон мотор

4. Постапка за премотување на трифазен асинхрон


мотор од една големина на напон на друга
( Задача решена на часови)

Vous aimerez peut-être aussi