Vous êtes sur la page 1sur 12

Средно Општинско Училиште

„Орде Чопела“ - Прилеп

Проектна задача за завршна матура по


предметот Очна оптика

Градба на око
Ментор:

Проф. Александра
Стојаноска Трајческа

Изработил:

Неделковска Анета Март 2010 година


Содржина

Вовед..............................................................................................................
3
Главен дел..................................................................................................4
Очното јаболко (bulbus oculi)...........................................................................4
Состав на очното јаболко...................................................................................5
Содржината на очното јаболко.......................................................................7
Organa oculi accessoria (помошни органи на окото)...............................9
Musculi bulbi oculi (мускули на очното јаболко).......................................9

Заклучок....................................................................................................1
1
Користена литература.................................................................12

1
Вовед

Окото е орган за вид. Сместено е во орбитата и се состои од: очно јаболко


(bulbus oculi), очен нерв (nervus opticus) и помошни органи на окото (organa
accessoria oculi). За да имаме јасна слика за предметите што ги набљудуваме,
светлосните зраци при преминот низ окото се прекршуваат преку две главни
овални површини: рожница (Cornea) и леќ а (Lens). Нивната главна цел е
светлоста да ја прекршат точно на мрежницата, која се наоѓа на внатрешниот ѕид
на очното јаболко. Мрежницата има улога слична на таа што ја има филмот во
фотоапаратот, односно светлосниот стимуланс го претвора во нервни импулси и
преку очните завршетоци ги пренесува информациите до оној дел на мозокот
што е задолжен за видот.

 А - стаклено тело
 B – леќ а
 C – рожница
 D – зеница
 E – ирис
 F – белка
 G - оптички нерв
 H - мрежница

2
Главен дел

Bulbus oculi (очното јаболко)

Очното јаболко е сместено во предниот дел на орбитата, лесно


испакнуваајќ и се нанапред низ нејзиниот влез. Само неговиот помал преден дел
може да се види со голо око, додека преостанатиот поголем дел е сместен длабоко
во орбитата. Има форма на неправилна топка. Издолжена во преднозадна насока.

На очното јаболко се опишуваат два пола, преден и заден. Предниот пол


(polus anterior) одговара на најиспакнатата точка на предната страна на
рожницата додека задниот пол (polus posterior) одговара на аниспакнатата точна
на задната половина на белката (се наоѓа на 4 mm латерално од излезот на
оптичкиот нерв). Линијата што ги поврзува обата пола се означува како
надворешна оска на окото (axis bulbi externus) или оптичка оска (axis optikus). Таа
изнесува 24 mm и претставува најдолго растојание кое постои меѓу две точки во
окото.

3
Покрај надворешната се опишува и внатрешната оска на окото(axis bulbi
internus). Таа ги поврзува задната, вдлабнатата страна од рожницата во точката
која одговара на предниот дел, со соодветна точка на мрежницата која одговара
на задниот пол. Во однос на ннасоката целосно се совпаѓа со надворешната оска,
но е пократка од (21,5 mm) заради дебелината на рожницата и задниот ѕид на
очното јаболко.

Состав на очното јаболко

На очното јаболко се опишуваат ѕид – кој го обиколува, и содржина со која


е исполнето.

Ѕидот на очното јаболко е изградено од три обвивки и тоа:

1. Tunica externa bulbi (tunica fibrosa) - надворешна или фиброзна


обвивка на окото
2. Tunica media bulbi (tunica vaskulosa) средишна или васкуларна
обвивка на окото
3. Tunica interna bulbi (tunica neurosa) внатрешна или неврална
обвивка на окото

Содржината на очното јаболко е составена од (од напред кон назад):

1. Humor aquosus – очна водичка


2. Lens – леќ а
3. Corpus vitreum – стаклесто тело

4
Retina (мрежница)

Ретината претставува длабокиот лист на tunica interna bulbi. Се дели на


три дела pars iridica retinae (делот од ретината поставен зад ирисот); pars ciliaris
retinae (делот од ретината позади цилијарното тело); pars optica retinae (делот од
ретината поставен под хороидеата). Рецептори за вид има само во pars optica
retiane, што значи дека само овој дел може д априма светлосно дразби, па за тоа
ирисот и цилијарниот дел од ретината уште се нарекуваат pars caeca retinae или
слеп дел.

Кај жив човек оптичкиот дел од ретината е прозирен и е со розова боја.


Розовата боја потекнува од една липоидна супстанција осетлива на светлина,
означена како виден пурпур (составен од родопсин и ертиропсин – го има само во
стапчињата). Под дејство на светлината тој се разорува и ретината добива
беличеста боја. Во темнина се регенирира и ретината повторно ја враќ а
розеникавата боја.

На внатрешната страна од ретината, и тоа од нејзиниот заден дел, се


забележуваат два битни елементи: папилата на оптичкиот нерв и жолтата дамка.

Papila nervi optici (папила или диск на n. opticus). Папилата претставува


место каде се собираат аксоните од нервните клетки, се групираат во сноп и ја
напуштаат ретината. Значи папилата е место каде образува n. opticus. Потоа
неговите влакна ја „продупчуваат“ склерата и го напуштаат очното јаболко. Во
нејзината средина постои мало испакнување, низ кое влегуваат и излегуваат
краните садови задолжени за исхрана на ретината. Папилата е единственотот
место од оптичкиот дел на ретината, кое
не поседува рецедптори за вид, па затоа
уште се нарекува слепа точка (macula
ceaca) или црна дамка.

Macula lutea (жолта точка) е


сместена во близина на пупилата. Името
го носи бидејќ и не поседува розеникава
боја како остатокот на ретината, но е
жолта. Ова е поради тоа што во неа се

5
наоѓаат само чепчиња, кои не содржат родопсин. Во fovea centralis (средишна
јамичка). Тука чепчињата имаат најголема густина. Во fovea centralis завршува
linea visus, така да таа претставува точка на јасен вид. Иако е доста тенка ретината
поседува изразно сложена градба. На неа се разликуваат слоја, наредени еден над
друг. Нив ги образуваат:

 Рецепторите за вид – специјализирани невроепителни клетки за примање


на светлост и боја
 Од нив информацијата ја преземаат биполарните нервни клетки
 Кои потоа ја предаваат на ганглиските клетки. Аксионите од овие клетки
го образуваат оптичкиот нерв.

Овие три вида на клетки со нивните завршетоци ја градат ретината. Со


ретината започнува и tractus opticus.

Содржината на очното јаболко

Во очното јаболко се содржат потполно проѕирни делови кои ги пропуштат


и прекршуваат светлосните зраци. Одејќ и од напред кон назад, тоа се: предна и
задна очна комора – исполнети со очна водичка, леќ ата и стаклестото тело.

Camara bulbi anterior (предна очна комора)

Предната очна комара е просторот кој се наоѓа позади короната, а пред


ирисот. Исполента е со очна водичка. Преку заницата комуницира со задната очна
комора. На неа се опишуваат предна сдтрана (ја гради короната) задната страна
(изградена од ирисот) и иридо корнеален агол (спојот меѓу короната и ирисот).
Во висина на иридо-корнеалниот агол се наоѓа Шлемо – овиот канал за
истекнување на очната водичка.

Camara bulbi posterior (задна очна комора)

Задната очна комора е сместена позади ирисот, помеѓу леќ ата, цилијарното
тело и стаклестото тело. Наликува на летиристран призматичен прстен кој ја
опкружува леќ ата. Соодветно на неа се опишуваат 4 ѕида: преден (го гради
задната страна на ирисот), заден (го гради стаклестото тело), латерален (го гради
6
цилијаното тело) и медијален (леќ ата). И задната очна комора е исполнета со
очна водичка. Во неа се наоѓаат и цилијарните зонули

Humor aqusus (очна водичка)

Очната водичка ги исполнува двете очни комори и претставува бистра


течност, со најмал индекс на прекршување на светлосните зраци. Неа
непрекинато ја лачат цилијаните процесуси. Од задната очна комора истекува во
предната преку зеницата. Оттука преку веќ е споменатиот Шлем- овиот канал
сместен во склерата, во висина на иридо-корнеалниот агол, навлегува во венската
циркулација.

Lens cristallina (леќа)

Lens cristallina е бинконвексна леќ а која ги прекршува


светлосните зраци, притоа формирајќ и превртен лик на
ретината. Со цилијарните зонули е поврзана за
цилијарното тело.

Леќ ата е сместена позади ирисот, и навлегува во fossa


hyaloidea (хилаоидна јама) на стаклестото тело. Нејзината
задна страна свртена кон стаклестото тело е поиспакната
во однос на предната. Но затоа пак при акомодација
задната страна трпи многу помали промени во однос на предната. Целата леќ а е
обвиткана со тенка и проѕирна обвивка – капсула на леќ ата. Капсулата е
задолжена за одржување на нејзината форма. Ако на било кој начи капсулата се
оштети очната водичка ќ е навлезе во леќ ата и ќ е ја замати.

Corpus vitreum (стаклесто тело)

Стаклестото тело е една полушечна провидна маса која го исполнува


поголемиот заден дел оф очното јаболко. Неговата
функција е да ги пропушти и прекрши
светлосните зраци, но и со своето прекршување на
ретината, да ја држи прилепена за пигментиниот
слој и хороидеата. Гледано во целина личи на
топка вдлабната однапред. Вдлабнувањето на

7
предната страна се означува како fossa hyaloidea и во неа налегнува леќ атасо
својата задна страна. Попериферно од јамата, предната страна од стаклестото
тело е рамна и улествува во градењето на задната очна комора.

Organa oculi accessoria (помошни органи на окото)

Помошни органи на окото се:

1. Мускулите на очното јаболко


2. Фасциите на очната празнина
3. Веѓите
4. Очните капаци
5. Конјуктивитата
6. Солзниот апарат
7. Периорбитата и масното ткиво на орбитата

Musculi bulbi oculi (мускули на очното јаболко)

Прави мускули на очното јаболко. Овие мускули се своите плосната


мускулни тетиви, формираат шуплив мускулен конув, чија база го опфаќ а очното
јаболко. Врвот е насочен нагоре кон врвот на орбитата. Назад мускулите се
припојуваат на заеднички мускулен прстен, кој го опкружува canalis opticus.

Коси мускули на очното јаболко. M. obliquus superior тргнува од врвот на


орбитата, потоа оди нанапред кон горно медијалниот агол на истата, каде врти и
се враќ а назад, припојувајќ и се на задниот дел од склерата (позади екваторот)
латерално.

Palpebrae (очни капаци). Палпебрите се кожно-мускулно-лигавички


плочки, кои го прекриваат влезот на орбитата и на тој начин ја штитат нејзината
содржина. Со своето трепкање тие ги распоредуваат солзите, на тој начин
влажнејќ и ја и испирајќ и ја короната. Горната палпебра (palpebra superior) е
поголема од долната (palpebra inferior). Отворот кој што двата очни капаци го
ограничуваат меѓусебно се означува како rima palpebrarum.

8
Tunica conjunctiva (конјуктивална обвивка). Конјуктивата е мазна,
сјајна и провидна лигавична мембрана кој ја покрива задната страна од
палпебрите и предниот дел од очното јаболко. Делот кај што ги покрива очните
капаци се означува како tunika conjunctiva palpebrarum. Tunika conjunctiva bulbi е
делот кој го покрива очното јаболко, и тоа само во видливиот дел од склерта.

Apparatus lacrimalis (солзен апарат). Солзната жлезда е седкреторниот


орган на солзниот апарат. Сместена е во горно-латералниот квадрант на
орбитата. Својот секрет (солзите - lacrima), преку одводни каналчиња ги излева
латералниот дел од горниот конјуктивален свод. Оттаму со трепкање тие се
разлеваат низ целото конјуктивално ќ есе, влажнејќ и го предниот дел од
булбусот, пред се короната.

9
Заклучок

Здравствената состојба на очите може да се наруши во кое било време и без


многу јасни и забележливи симптоми, па дури може да се случат трајни
оштетувања без некои претходно видливи знаци.

Ризикот се зголемува со возраста на луѓето. Некои промени на окото се


исклучиво последица на стареењето, а со стареењето се намалува и квалитетот на
видот, дури и кога нема никакви очни болести. Старосните анатомски и
функционални промени на окото се јавуваат постепено.

Леќ ата, благодарение на својата еластичност, кај младите луѓе може да се


испакне и посилно да ја прекршува светлината, па зраците се вкрстуваат на
мрежницата при гледање предмети што се наоѓаат во непосредна близина. Така,
нормалното око преку акомодација овозможува добар вид и на далечина и од
близина.

Здравствената состојба на очите може да се наруши во кое било време и без


многу јасни и забележливи симптоми, па дури може да се случат трајни
оштетувања без некои претходно видливи знаци.

Ризикот се зголемува со возраста на луѓето. Некои промени на окото се


исклучиво последица на стареењето, а со стареењето се намалува и квалитетот на
видот, дури и кога нема никакви очни болести. Старосните анатомски и
функционални промени на окото се јавуваат постепено.

10
Користена литература

Анатомија за II година – техничар за очна оптика

http://sistinaoftalmologija.mk/mk/eyes_anatomy.html

11

Vous aimerez peut-être aussi